FUNMAC-Macedonia

21.10.05

WWW.FUNMACEDONIA.COM




Поздрав до сите оние што го посетуваа
овој блог .
Ве известуваме дека Funmac-Macedonia
отсега па натаму е регистрирана веб страница

која ќе служи за разонода и забава и други активности
за сите во Македонија и општо во глобала.

Ви благодариме и повелете .


WWW.FUNMACEDONIA.COM

20.10.05

Па доста ви беше со грипови и доста други
глупости .
Сега малку одморете се со овие убавици.

Под секоја слика притиснете на Link













Link











Link











Link















Link










Link


ЗАНИМЛИВОСТИ




Воените тајни на интернет?

Гугл објави снимки на објекти за кои некои земји тврдат дека се воена тајна.

Претставници на властите во Индија, Холандија, Јужна Кореа и Тајланд се загрижени поради достапните сателитски фотографии на воената и државна инфраструктура на интернет страната на Гугл -Земја, еден од низата сервиси на овој светски познат пребарувач.

Гугл во јуни годинава започна со сервисот Гугл - Земја, преку кој е можно да се видат снимки од воздух на секој дел и педа од земјината топка, а корисниците многу бргу сфатија дека можат да видат и низа воени објекти ширум светот.

Некои од тие фотографии не се со висока резолуција, но некои детално го прикажуваат она што во повеќето земји е означено како воена тајна.

Властите во Индија, Холандија, Јужна Кореа и Тајлан се загрижени поради деталните сателитски снимки на воените објекти во своите земји и сметаат дека терористите би можеле да ги искористат фотографиите за планирање на напади.

Но, од Гугл тврдат дека овој сервис ги користи информациите од јавните извори и дека прикажаните фотографии се стари неколку години.

ЗАНИМЛИВОСТИ






Змија долга три метри излегла од ВЦ шољата


Удав долг три метри не малку ги изненадил станарите во една зграда во Манчестер кога исползел од ВЦ шоља.

Змијата, која станарите ја нарекле Кејт, веројатно живеела во цевките од канализацијата околу три месеци, откако ја оставил станарот што се преселил.

Луѓето од зградата повикале пожарникари за да ја фатат змијата, но тоа на крајот му успеало на еден од станарите.

Кејт сега се наоѓа во Кралското друштво за спречување на суровост кон животните, а портпаролот на ова друштво, Џими Ратклиф, инаку стручњак за егзотични животни вели:

“Удавите можат добро да пливаат и да го задржат воздухот повеќе од 20 минути. Но, она што е необично е големината на змијата. Веројатно јадела глувци и живеела среќно во цевките„.







“Откачување„ на партнерите преку СМС


Прекинувањето на врската е една од потешките работи во животот, но младите Австралијанци откриле како тоа да го направат на полесен начин - со испраќање на СМС порака.

Натали Робинсон, истражувач од универзитетот Маскари, ја проучувала навиката за пишување СМС кај стотина млади луѓе, на возраст меѓу 18 и 35 години и открила дека испраќањето пораки нагло расте на почетокот на љубовната врска, како и тогаш кога двајцата вљубени минуваат низ тежок период.

“На луѓето им е полесно да ги искажат негативните чувства во текстуална порака, отколку да го направат тоа лично - в лице. Со тоа го избегнуваат директниот судир„, вели Натали.

Таа е изненадена од големиот процент на испитаници кои своите партнери ги „откачиле„ преку СМС.

Притоа, жените почесто на своите партнери им испраќаат пораки во кои говорат за своите чувства, додека мажите најчесто испраќаат практични СМС, како на пример: “Попат ќе купам нешто за вечера“.







ЗАНИМЛИВОСТИ



Партија на аукција

На еБај на продажба можат да се најдат секакви “чуда„, а овој пат за продажба е понудена - политичка партија, уредно регистрирана при Британската изборна комисија.

Доколку сакате да ја купите партијата МП3, стекнувате право на лого, слогани за кампања, интернет страна и податоци за избирачите.

Основачите на партијата, меѓу кои и Русинот Руслан Федеровски, велат дека се „презафатени со сопствени проекти„, за да се занимаваат и со политика.

Тие сакаат да ја предадат партијата, бидејќи било време „да се тргне понатаму„.

Еден од нивните слогани гласел: “Изберете не и ќе укинуваме по еден пропис дневно, еден закон неделно, една субвенција и еден данок годишно„.

Засега за партијата не е пристигната ниту една понуда, иако на аукција се наоѓа веќе неколку денови.

Птичји грип-(засега крај)


Влада - Се уште нема птичји грип


Во Македонија не е регистриран птичји грип, а надлежните државни органи се задолжени да ја следат состојбата и да ги спроведуваат сите неопходни мерки во смисла на превенција.

Ова е заклучено на седницата на Владата која заврши вечерва, и на која било прифатен “Планот на активности пред и во текот на евентуалната пандемија на грип, и Информацијата за преземање мерки за заштита од внесување на авијарна ифлуенца (птичји грип) во Република Македонија“.

Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Министерствата за здравство и за земјоделство, “да подготват одлука за висината на потребните средства за реализација на активностите“.

Во соопштението на Владата се наведува дека сите досегашни случаи на заболена живина потврдиле присуство на “њукаслска болест“, а единствено во село Могила, кај еден од испитаните примероци е добиен позитивен резултат на “групен антиген на авијарна инфлуенца тип А“, што не значи дека станува збор за “патоген сој на вирусот“, попознат како птичји грип.

19.10.05


Пилешки грип(втор дел)

Во Македонија нема птичји грип, останува да се утврди сомнителната проба од битолското село Могила што утре или најдоцна задутре патува на испитување во Велика Британија, изјави денеска директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски.

Птиците во Могила и во Никуљане, напомена Чокревски, угинале од атипичната чума "њукасл".

"Испитувањата во Никуљане, Кумановско, дадоа негативен резултат што значи дека нема присуство на вирусна инфлуенца или птичји грип. Станува збор за болеста 'њукасл'. Моментно се испитуваат и проби земени од фарми во селото Долни Стабол кај Пробиштип и од една штипска фарма. Прелиминарните резултати укажуваат на атипична чума", рече директорот на Ветеринарната управа.

Во Могила се спроведени сите потребни мерки за спречување на "њукасл". Поставени се два пункта за дезинфекција, а седум екипи и ветеринарни инспектори се веќе на терен. Сомнителните птици ќе бидат уништени во специјални депонии, а фармерите ќе бидат обештетени согласно Законот за ветеринарно здравство по пазарна цена на живината.

"Сите птици во селото кохабитираат. Дворовите не може да се поделат на заразени и незаразени. Затоа живината ќе биде убиена, а селото ќе се дезинфицира. На терен се излезени седум екипи и ветеринарни инспектори. Сите имаат соодветна заштитна опрема. Фармерите ќе бидат обештетени согласно Законот за ветеринарно здравство", истакна Чокревски.

Тој апелира фармерите да ја држат живината затворена, односно да не дозволат нејзин контакт со прелетните птици и повтори дека луѓето не се пренесувачи на болеста. "Нема да има рестрикции во однос на движењето на луѓето, но мора да се внимава опремата да не се изнесува од селото", потенцира Чокревски.

Според него, државата има предвидено бесплатни вакцини за домашните птици. Постојано се следи и актеулната ситуација. Доколку кај сомнителниот примерок евентуално се потврди птичји грип, Македонија ќе добие техничка и материјална поддршка од Светската здравствена организација и од Организацијата за земјоделство и храна на ОН (ФАО).

Во Европа досега не е регистриран ниту еден човек болен од птичји грип. Во Југоисточна Азија и Кина од околу две милијарди жители, за три години колку што е присутна болеста, во услови на минимална медицинска нега, се евидентирани 112 заразени. Од нив 60 починале.

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ И ПРЕПОРАКИ ОД ВЕТЕРИНАРНАТА УПРАВА ЗА ПТИЧЈИОТ ГРИП

Управата за ветеринарство на Република Македонија со цел да ја запознае пошироката јавност, објави флаер со основни податоци за болеста Авијарна инфлуенца попозната како Птичји грип и за правата и обврските при нејзина евентуална појава.

ПТИЧЈИ ГРИП

ШТО Е АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ИЛИ ПТИЧЈИ ГРИП

Авијарната Инфлуенца или Птичјиот грип претставува заразна, вирусна болест на домашната живина и дивите птици. Спрема својата патогеност (способност да предизвикува болест) вирусот на птичјиот грип се дели на:

  • Високопатоген - предизвикува тешко заболување со висока смртност (до 100%)
  • Нископатоген - предизвикува главно благи симптоми на болест, а во случај на секундарни инфекции сериозна болест со смртност и до 50%

Некои нископатогени соеви можат да мутираат во високопатогени.

Вирусот што циркулира во земјите на Азискиот континент, потврден во Романија и Турција, и кој представува опасност по здравјето на луѓето и живината е високопатогениот под сој Х5Н1.

КОЈ СЕ ЗАБОЛУВА ОД ПТИЧЈИОТ ГРИП?

Од домашната живина најчесто заболуваат кокошките и мисирките, додека кај патките и гуските се развиват благи симптоми на болест. Дивите птици кои живеат покрај вода, особено дивите патки, природно се отпорни на болеста и не покажуваат клинички знаци на болеста. Според тоа, тие претставуваат резервоар на вирусот и главна опасност за ширење на болеста меѓу домашната живина.

КАКО СЕ ПРОШИРУВА БОЛЕСТА?

Болеста кај живината лесно се пренесува со директен контакт меѓу заболените и здравите птици. Како извори на инфекција се сметаат:

  • издишаниот воздух;
  • изметот;
  • лешевите од угинатите птици и
  • предметите и околината контаминирани од нив

Болеста на големи далечини се пренесува со птиците преселници (најчесто диви патки и гуски, но и други главно водени птици), кои на патот на преселба застануваат на одмор и доаѓаат во контакт со домашната живина. Во земјата, болеста се шири со движење и контакти на заболената живина со здрава живина. Во ваквото ширење на болеста човекот има многу важна улога бидејќи со својата облека, обувки, опрема, возила и транспортот на живината многу лесно го пренесува причинителот на болеста.

Покрај овој начин, поретко болеста може да се внесе со увоз на жива живина, и производи од живина (необработени пердуви, јајца за несење).

КАКО СЕ ПРЕПОЗНАВА БОЛЕСТА ВО ЈАТОТО?

Болеста во јатото се шири исклучително брзо. За многу кратко време оболуваат речиси сите единки во јатото. Болеста ја карактеризира висока смртност при што најголемиот дел од заболените птици ќе угинат.

Од клиничките знаци во заболеното јато може да се приметат:

  • голема депресија и неземање храна;
  • драстично намалена несивост на јајца;
  • отоци на главата и вратот;
  • Поткожни крварења;
  • нагла смрт која може да достигне до 100 отсто во јатото

Затоа, секоја зголемена смртност на живината во Вашето јато задолжително треба веднаш да се пријави до најблиската ветеринарна станица или до ветеринарниот инспектор. Управата за ветеринарство воведува дежурна служба која може да се добие на телефонот 02-3112 205 секој ден до 22 часот.

ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА ЈА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВАТА НА ПТИЧЈИОТ ГРИП

Специфични мерки за заштита на јатото не постојат. Во секој случај треба да се преземат неспецифични заштитни мерки како:

  • Оневозможување контакт на дивите птици и домашната живина (поставување заштитни мрежи, држење на живината во затворени и заштитени објекти)
  • Спроведување на мерките на биосигурност на фармите
    • Оградување на фармите
    • Поставување дезбариери и редовно чистење и дезинфекција на сите површини
    • Користење заштитни одела, обувки, маски
    • Хигиена на персоналот
    • Дезинфекција на возилата при влез на фармата
    • Забрана на влегување на неовластени лица во фармата
  • Ремонт на јатата со живина од контролирани и здрави јата
  • Почитување на принципот "сите внатре - сите надвор"
  • Да се избегнува чување патки, кокошки и мисирки во ист двор
  • Секое сомневање на болест обврзно да се пријави на ветеринар

МАКЕДОНСКИ ПРОПИСИ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ПТИЧЈИОТ ГРИП

При евентуална појава на болеста во Република Македонија, се преземаат следните мерки:

  • усмртување на целата живина во заразените дворови/фарми и населени места;
  • нештетно отстранување на лешевите на живината;
  • дезинфекција на заразените фарми/дворови;
  • забрана за движење на сите видови жива живина, месо и други производи од живина од заразените населени места;
  • зголемена контрола на движење на луѓето, механизација и возила од заразените дворови, фарми и населени места;
  • други неспецифични мерки наредени од ветеринарниот инспектор.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство плаќа надомест за живината што е убиена како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста, како и за производите и предметите кои се уништени, во висина на пазарната вредност.

ДАЛИ ПТИЧЈИОТ ГРИП Е ЗАКАНА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО?

Вирусот на птичјиот грип ретко ги напаѓа луѓето и ако заболат инфекциите најчесто не се сериозни, туку се проследени со коњуктивитис и благи симптоми на дишниот систем.

Трба да се напомене дека инфекцијата со високо патоген вирус на птичјиот грип може да предизвика сериозни здравствени проблеми и како резултат на тоа да предизвика смрт.

КАКО СЕ ИНФИЦИРА ЧОВЕКОТ

Човекот може да се инфицира со директен контакт со заболени животни. Вирусот на Птичјиот грип е термички лабилен и се уништува со нормално варење и печење на месото, што значи дека термички третираното месо не е извор на инфекција.

КОИ СЕ РИЗИЧНИ ГРУПИ ЛУЃЕ

Во ризични групи луѓе спаѓаат оние што работат со живина (ветеринари, одгледувачи, купувачи, превозници, работници во кланици), личности кои доаѓаат во допир со инфективен материјал од живина или кои се вклучени во некој друг облик на контрола на болеста (ветеринари вработени во лаборатории, орнитолози, ловци)

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ЛУЃЕТО

Моментално на пазарот не постои медицински препарат што луѓето потполно би ги заштитил од вирусот на птичјиот грип. Постоечките сезонски вакцини против хуманиот грип заедно со противвирусните лекови се корисни како превентивна заштита против оваа болест


Македонија

Започна уништувањето на птиците во Могила

Могила, 09:49

Градоначалникот на Могила Славко Велевски потврди дека утринава започна уништувањето на живината во селото.

Дел од жителите давале отпор кон акцијата за уништување на живината, но Велевски најави дека работи на тоа да ги разувери.

Уништувањето на живината се извршува по наредба на државниот ветеринарен инспектор за уништување.

Ова битолско село со околу 500 домаќинства, од вторникот е под заштитна зона во радиус од три километри, но, влезот и излезот од Могила не е забранет.

Мерката за уништување на целата живина во селото е донесена поради појава на еден сомнителен примерок од заразена кокошка, која поради сигурност во дијагностицирањето, е испратена во Лондон.

Директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски вчера изјави дека кај сомнителниот примерок била утврдена „инфлуенца“, но оти не може со сигурност да се каже дека тоа е токму вирусот H5N1, поради што, примерокот е испратен на дополнителна анализа во Британија.

Како дел од вонредните мерки за заштита од појава на птичји грип во земјата, Македонија од вчера воведе времена забрана за лов на сите видови диви птици, а го скрати и времето за дозволен лов на птиците под заштита.

Забрана за увоз на живи птици и птичје месо од Турција и Романија е воведена уште пред една недела.


Птичји грип




Во битолско Могила откриен сомнителен случај, за кој во Ветеринарната управа не знаат дали се работи за птичји грип. Ветеринарната управа утре ќе ги испрати примероците на анализа во Светската референтна лабораторија во Англија. Резултатите се очекуваат за една недела.

Директорот Чокревски, кој до вчера тврдеше дека е сигурен дека во Македонија нема птичји грип, денеска со драматична изјава, по која веднаш се обиде да ја смири јавноста и ги повика граѓаните да не паничат.

„Имаме една сомнителна, не можеме да кажеме за што се работи, затоа што тестот со кој се испитуваат е групен за сите грипови“, изјави Слободан Чокревски, директор на Ветеринарна управа.

„Не смееме да ја прогласиме болеста или да не ја прогласиме болеста врз основа на наши лични резултати, туку тоа се праќа најтранспарентно во Светската референтна лабораторија“, рече Чокревски

Причината за масовниот помор на живината во битолското Могила е кокошкина чума позната како Њукасл. Поради тоа, ќе бидат уништени над 10.000 кокошки во 500 домаќинства. Сеуште не се знае колкава ќе биде штетата.

„Се прави заштитна зона од 3 километри и 7 километри. Спречено е движењето за да не може да дојде до пренесување на болеста, иако знаеме дека птиците преселници не може никој да ги сопре“, додаде Слободан Чокревски.

За ден-два ќе се знае и причината за поморот на кокошките во кумановско Никуљање, а се испитуваат уште два случаи од Струга и Пробиштип.

Иако во управата тврдеа дека се подготвени, Македонија нема софистицирани тестови со кои може да се открие вирусот на птичјиот грип.

Овие со кои располага се недоволни и даваат само првичните сознанија за присуство на било кој вирус на грип. Дури сега ќе ја доопремуваат лабораторијата.




И Министерството за здравство ќе побара од Владата еден милион евра од буџетот за лекови и превенција против птичјиот грип. Доцна попладне и Димов ги повика граѓаните дека место за паника нема.

„Не постои никаква опасност за пренос на луѓето. Дури ни таму каде јасно беше докажан вирусот на птичјиот грип во околината и таму нема никаков пренос досега на луѓе“, вели Владо Димов, министер за здравство.

Преку медиумите ќе бидат објавени мерките за заштита, а Ветеринарната управа отвара телефонска линија за граѓаните да пријавуваат сомнителни случаи. На телефонскиот број 3112-210 ќе можат да се јавуваат секој ден до 22 часот.

И додека Балканот го тресе паника, швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ го зголемува производството на лекот Тамифлу

18.10.05


Kelle Marie

Девојкиве се добро подготвени
за забава.
Пороверете и сами...


ТУКА




На овој линк каде ќе ве однесам,
проверете и научете како треба
да се поставиш кога си пред
твојата web камера


ТУКА


Carl Cox-Бог на Боговите!!!

Така некои го нарекуваат,а за сите тие
повелете спуштете го овој негов албум.








Carl Cox - Second Sign


1. That's The Bass (Cox Rock Drums Mix) - Carl Cox and Norman Cook
2. Space Calling
3. Give Me Your Love (Album Mix) - Carl Cox Featuring Hannah Robinson
4. Feel The Real - Carl Cox Featuring Light Of The World
5. Room 713
6. If I Fall (Phats and Small Mix) - Carl Cox Featuring Onallee
7. On Fire - Carl Cox & Misstress Barbara
8. Ain't It Funky Now
9. Dirty Bass - Carl Cox & Christian Smith
10. It's The Machines - Carl Cox & Josh Wink
11. Vibes Of Energy - Carl Cox & Kevin Saunderson
12. Give Me Your Love (Valentino Kanzyani Earresistable mix) - Carl Cox Featuring Hannah Robinson
13. Open Book - Carl Cox & Roni Size Featuring Onallee
14. Got What You Paid For - Carl Cox Featuring Saffron
15. If I Fall (Drum And Latin Version) Carl Cox Featuring Onallee


download---http://otstrel.ru/public/darkknight/Carl%20Cox/

A еве ви неколку фотографии од неговите настани,
притисни на било која од овие и ќе ве однесе на многу
интересна страница.

















Crazy Frog-full album


Жабчето стана за некои феномен , а на некои им
ствара досада и омраза..

За оние првите еве ви го и
нека ви ''БЕМКА'' Non Stop.


Ова навистина заслужува да се има во вашата
приватна музичка колекција.
Све је "Џаба"-----Спуштајте!!!!




1. Are You Gonna Go My Way
2. Fly Away
3. Rock 'n' Roll is Dead
4. Again
5. It Ain't Over Till It's Over
6. Can't Get You Off My Mind
7. Mr. Cab Driver
8. American Woman
9. Stand By My Woman
10. Always On The Run
11. Heaven Help
12. I Belong To You
13. Believe
14. Let Love Rule
15. Black Velveteen

http://www.megaupload.com/?d=QHWOHBC5


Дами и господа ова ви е Rachel Aziani и нејзините фотографии кога ја изгуби невиноста можете да ги
погледнете ТУКА..





А на овој ЛИНК има нешто многу големо...

Девојкава се вика Сања Матиќ
а родум е од Осиек.
Има прекрасни фотографии,
погледнете ги ТУКА








За сите оние што ја обожаваат музиката
од бившите Југословенски простори еве ви неколку линкови
од каде ќе можете да ја црпите сета таа МОЌ.


Balkan UK
Sumadinac
USA mp3
djdamir.tk
Extra mp3
Sandzak mp3
Folkoteka forum
Folkoteka
Carevi
Podzemlje
Bosna portland
Dalbosna
djdamir.tk
Bosna portal
Domaci
D & D
Croplanet
Balkan forum


А пак доколку сакате да ја погледнете СЕКА АЛЕКСИЌ
како води љубов,
притисни ТУКА.


Повелете почитувани нешто сосема интересно....
Само следи го овај ЛИНК


А тука можеш да гласаш за нешто сосема што е во доменот
на забавата,оди ТУКА ,и после врати се .

Да тоа е MTV-Adria(или СФРЈ)?
Се е во ред но на нивната интернет страница може да се почуствува
дискриминација,застапени се сите јазици од поранешната СФРЈ(и Босански има) а нашиот
кутар претходник на повеќето словенски јазици,Македонски јазик го нема...

Пишете им би требало да ве послушаат.
info@mtvadria.com
Па и во Македонија се следи MTV Adria.










Ова е можеби постаро дело ама можете без никакви забелешки и процедури дa
си го имате во вашата архива .

download full movie


 
Hit Counter
Dell Coupons