ЗАНИМЛИВОСТИ
Партија на аукција
На еБај на продажба можат да се најдат секакви “чуда„, а овој пат за продажба е понудена - политичка партија, уредно регистрирана при Британската изборна комисија.
Доколку сакате да ја купите партијата МП3, стекнувате право на лого, слогани за кампања, интернет страна и податоци за избирачите.
Основачите на партијата, меѓу кои и Русинот Руслан Федеровски, велат дека се „презафатени со сопствени проекти„, за да се занимаваат и со политика.
Тие сакаат да ја предадат партијата, бидејќи било време „да се тргне понатаму„.
Еден од нивните слогани гласел: “Изберете не и ќе укинуваме по еден пропис дневно, еден закон неделно, една субвенција и еден данок годишно„.
Засега за партијата не е пристигната ниту една понуда, иако на аукција се наоѓа веќе неколку денови.
0 Comments:
Објави коментар
<< Home