FUNMAC-Macedonia

19.10.05


Птичји грип




Во битолско Могила откриен сомнителен случај, за кој во Ветеринарната управа не знаат дали се работи за птичји грип. Ветеринарната управа утре ќе ги испрати примероците на анализа во Светската референтна лабораторија во Англија. Резултатите се очекуваат за една недела.

Директорот Чокревски, кој до вчера тврдеше дека е сигурен дека во Македонија нема птичји грип, денеска со драматична изјава, по која веднаш се обиде да ја смири јавноста и ги повика граѓаните да не паничат.

„Имаме една сомнителна, не можеме да кажеме за што се работи, затоа што тестот со кој се испитуваат е групен за сите грипови“, изјави Слободан Чокревски, директор на Ветеринарна управа.

„Не смееме да ја прогласиме болеста или да не ја прогласиме болеста врз основа на наши лични резултати, туку тоа се праќа најтранспарентно во Светската референтна лабораторија“, рече Чокревски

Причината за масовниот помор на живината во битолското Могила е кокошкина чума позната како Њукасл. Поради тоа, ќе бидат уништени над 10.000 кокошки во 500 домаќинства. Сеуште не се знае колкава ќе биде штетата.

„Се прави заштитна зона од 3 километри и 7 километри. Спречено е движењето за да не може да дојде до пренесување на болеста, иако знаеме дека птиците преселници не може никој да ги сопре“, додаде Слободан Чокревски.

За ден-два ќе се знае и причината за поморот на кокошките во кумановско Никуљање, а се испитуваат уште два случаи од Струга и Пробиштип.

Иако во управата тврдеа дека се подготвени, Македонија нема софистицирани тестови со кои може да се открие вирусот на птичјиот грип.

Овие со кои располага се недоволни и даваат само првичните сознанија за присуство на било кој вирус на грип. Дури сега ќе ја доопремуваат лабораторијата.




И Министерството за здравство ќе побара од Владата еден милион евра од буџетот за лекови и превенција против птичјиот грип. Доцна попладне и Димов ги повика граѓаните дека место за паника нема.

„Не постои никаква опасност за пренос на луѓето. Дури ни таму каде јасно беше докажан вирусот на птичјиот грип во околината и таму нема никаков пренос досега на луѓе“, вели Владо Димов, министер за здравство.

Преку медиумите ќе бидат објавени мерките за заштита, а Ветеринарната управа отвара телефонска линија за граѓаните да пријавуваат сомнителни случаи. На телефонскиот број 3112-210 ќе можат да се јавуваат секој ден до 22 часот.

И додека Балканот го тресе паника, швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ го зголемува производството на лекот Тамифлу


 
Hit Counter
Dell Coupons