FUNMAC-Macedonia

19.10.05


Македонија

Започна уништувањето на птиците во Могила

Могила, 09:49

Градоначалникот на Могила Славко Велевски потврди дека утринава започна уништувањето на живината во селото.

Дел од жителите давале отпор кон акцијата за уништување на живината, но Велевски најави дека работи на тоа да ги разувери.

Уништувањето на живината се извршува по наредба на државниот ветеринарен инспектор за уништување.

Ова битолско село со околу 500 домаќинства, од вторникот е под заштитна зона во радиус од три километри, но, влезот и излезот од Могила не е забранет.

Мерката за уништување на целата живина во селото е донесена поради појава на еден сомнителен примерок од заразена кокошка, која поради сигурност во дијагностицирањето, е испратена во Лондон.

Директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски вчера изјави дека кај сомнителниот примерок била утврдена „инфлуенца“, но оти не може со сигурност да се каже дека тоа е токму вирусот H5N1, поради што, примерокот е испратен на дополнителна анализа во Британија.

Како дел од вонредните мерки за заштита од појава на птичји грип во земјата, Македонија од вчера воведе времена забрана за лов на сите видови диви птици, а го скрати и времето за дозволен лов на птиците под заштита.

Забрана за увоз на живи птици и птичје месо од Турција и Романија е воведена уште пред една недела.


 
Hit Counter
Dell Coupons