Птичји грип-(засега крај)
Влада - Се уште нема птичји грип
Ова е заклучено на седницата на Владата која заврши вечерва, и на која било прифатен “Планот на активности пред и во текот на евентуалната пандемија на грип, и Информацијата за преземање мерки за заштита од внесување на авијарна ифлуенца (птичји грип) во Република Македонија“.
Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Министерствата за здравство и за земјоделство, “да подготват одлука за висината на потребните средства за реализација на активностите“.
Во соопштението на Владата се наведува дека сите досегашни случаи на заболена живина потврдиле присуство на “њукаслска болест“, а единствено во село Могила, кај еден од испитаните примероци е добиен позитивен резултат на “групен антиген на авијарна инфлуенца тип А“, што не значи дека станува збор за “патоген сој на вирусот“, попознат како птичји грип.
0 Comments:
Објави коментар
<< Home