FUNMAC-Macedonia

20.10.05

ЗАНИМЛИВОСТИ






Змија долга три метри излегла од ВЦ шољата


Удав долг три метри не малку ги изненадил станарите во една зграда во Манчестер кога исползел од ВЦ шоља.

Змијата, која станарите ја нарекле Кејт, веројатно живеела во цевките од канализацијата околу три месеци, откако ја оставил станарот што се преселил.

Луѓето од зградата повикале пожарникари за да ја фатат змијата, но тоа на крајот му успеало на еден од станарите.

Кејт сега се наоѓа во Кралското друштво за спречување на суровост кон животните, а портпаролот на ова друштво, Џими Ратклиф, инаку стручњак за егзотични животни вели:

“Удавите можат добро да пливаат и да го задржат воздухот повеќе од 20 минути. Но, она што е необично е големината на змијата. Веројатно јадела глувци и живеела среќно во цевките„.







“Откачување„ на партнерите преку СМС


Прекинувањето на врската е една од потешките работи во животот, но младите Австралијанци откриле како тоа да го направат на полесен начин - со испраќање на СМС порака.

Натали Робинсон, истражувач од универзитетот Маскари, ја проучувала навиката за пишување СМС кај стотина млади луѓе, на возраст меѓу 18 и 35 години и открила дека испраќањето пораки нагло расте на почетокот на љубовната врска, како и тогаш кога двајцата вљубени минуваат низ тежок период.

“На луѓето им е полесно да ги искажат негативните чувства во текстуална порака, отколку да го направат тоа лично - в лице. Со тоа го избегнуваат директниот судир„, вели Натали.

Таа е изненадена од големиот процент на испитаници кои своите партнери ги „откачиле„ преку СМС.

Притоа, жените почесто на своите партнери им испраќаат пораки во кои говорат за своите чувства, додека мажите најчесто испраќаат практични СМС, како на пример: “Попат ќе купам нешто за вечера“.


 
Hit Counter
Dell Coupons