ЗАНИМЛИВОСТИ
Воените тајни на интернет?
Гугл објави снимки на објекти за кои некои земји тврдат дека се воена тајна.
Претставници на властите во Индија, Холандија, Јужна Кореа и Тајланд се загрижени поради достапните сателитски фотографии на воената и државна инфраструктура на интернет страната на Гугл -Земја, еден од низата сервиси на овој светски познат пребарувач.
Гугл во јуни годинава започна со сервисот Гугл - Земја, преку кој е можно да се видат снимки од воздух на секој дел и педа од земјината топка, а корисниците многу бргу сфатија дека можат да видат и низа воени објекти ширум светот.
Некои од тие фотографии не се со висока резолуција, но некои детално го прикажуваат она што во повеќето земји е означено како воена тајна.
Властите во Индија, Холандија, Јужна Кореа и Тајлан се загрижени поради деталните сателитски снимки на воените објекти во своите земји и сметаат дека терористите би можеле да ги искористат фотографиите за планирање на напади.
Но, од Гугл тврдат дека овој сервис ги користи информациите од јавните извори и дека прикажаните фотографии се стари неколку години.
0 Comments:
Објави коментар
<< Home